Хутите: Нема да се откажеме од поддршката на Палестинците

од Stefanija Kuzmanovska

Јеменските Хути синоќа најавија дека нема да се откажат од поддршката за Палестинците и дека дури и фактот што Соединетите Американски Држави уште еднаш ги вклучија на листата на глобални терористички организации не може да ги одврати од тоа, јави Анадолија.

„Одлуката на САД нема да има влијание на теренот. Етикетирањето на САД нема да не одврати од поддршката на Палестина и палестинскиот народ. Одлуката на САД само ќе ја зголеми нашата посветеност на нашиот став за поддршка на Палестинците“, изјави Мохамед Абдел-Салам, еден од портпаролите на Хутите, за катарската телевизија „Ал Џезира“.

Хутите беа додадени на листата на странски терористички организации во последните денови од администрацијата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

Тие беа отстранети од таа листа во 2021 година, а со нова одлука на Стејт департментот ќе бидат вратени на списокот поради напади на бродови во Црвеното Море.

Слични содржини