Во пресудата на скопска Апелација, по која и покрај жалбите се потврди дека Јанева и Јовановски се виновни, се наведува дека првостепената одлука била јасна и непротивречна. Според образложението, неспорно е дека во фамозната „Луј Витон“ торба, која ја изнесува осудениот Зоран Милевски Кичеец имало евра, но и тоа дека Јанева ургирала за подобрување на положбата на Камчев во „Империја“, а за возврат како подарок за сработеното земала 50 илјади евра и гарнитура, кои се конфискуваат.

„Фотоалбумот со слики од мебелот одфирмата „Зона Мебел“, каса прими, како и видео снимката пронајдена во домот наобвинетиот Б. Ј. на која се гледа како обвинетата лежи на гарнитура а на клубмасичката има пари во странска валута евра, за што судот оправдано прифатилдека овие пари во евра преставуваат принос од злоупотребата на службенатаположба и овластување од страна на обвинетатаК. Ј.“, стои во образложението на пресудата.

Пресудно за се „забетонира“ пресудата, според образложението, биле сведочењата на Орце и Ана Камчеви, но и на обвинителките Лиле Стефанова, Елизабета Јосифовска, како и на референтката што ги вадела парите од сметките на фирмите на Камчеви. Петчлениот судечки совет утврдил дека сите докази биле обезбедени на законит начин, вклучувајќи ги и видео и аудиоснимките на сведокот Орце Камчев и осудениот во овој предмет Зоран Милевски-Кичеец .

Бојан Јовановски беше уапсен на 15 јули 2019 година, веднаш откако беше отворена истрагат за случајот Рекет и оттогаш се наоѓа во ефективен или домашен притвор.. Овие две години влегуваат во вкупната затворска казна, со што за одлежување му остануваат уште седум години.. Јанева пак има за доолежување уште 5 години, со оглед дека беше приведена во агуст 2019 година и оттогаш исто акко и Јовановски е во притвор..