И матичните лекари ќе може да закажуваа тестирање за коронавирус

од Aleksandar Todeski

И матичните лекари од понеделник ќе можат да закажуваат преку Мој термин пациенти на кои треба да им биде земен брис, за проверка дали се заразени од коронавирус, информираше министерот за здравство, Венко Филипче.

„Матичните лекари ќе бидат вклучени во системот на закажување преку системот Мој термин, што значи дека од понеделник освен на телефонските линии на Центрите за јавно здравје и во Здравствениот дом, ако се покаже потреба, да се закаже земање материјал во двата пункта“, кажа Филипче.

Тој посочи дека и на матичните лекари ќе им биде даден алгоритмот според кој се водат лекарите кои одлучуваат дали пациент треба да биде тестиран или не, па според тоа, лекарите кои граѓаните ги имаат избрано за матични ќе може да кажат дали некој е сомнителен на коронавирусот или не.

Слични содржини