И ТРУДНИЦИТЕ МОЖАТ ДА СЕ ВАКЦИНИРААТ: Дадена препорака кои вакцини се БЕЗБЕДНИ

од Stefanija Kuzmanovska

Американскиот колеџ за акушери и гинеколози објави дека бремените жени и жените кои штотуку станале мајки можат да примат вакцина против коронавирус, но дека сепак треба да се избегнуваат некои вакцини.

Американскиот колеџ за акушери и гинеколози (ACOG) објави дека за бремени жени и мајки кои сакаат да се вакцинираат против ковид, подобро е тоа да го направат со вакцината ја „Фазер“- „Бајонтек“ или „Модерна“, отколку со вакцината на „Џонсон и Џонсон“.

Објавувањето ги следи упатствата на Центарот за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), кој препорача пауза во администрацијата на вакцините на „Џонсон и Џонсон“ поради можно формирање на крвни згрутчувања.

„Во овој момент, нема јасен профил на жени кои би можеле да имаат таква исклучително ретка компликација. Сепак, сè додека работите не станат појасни, важно е да се охрабруваат бремени жени и мајки кои сакаат да се вакцинираат да изберат mRNA вакцина – на Фајзер или Модерна – се наведува во соопштението на ACOG.

Се додава дека луѓето кои биле вакцинирани со вакцината на „Џонсон и Џонсон“ во претходните три недели треба да побараат итна медицинска помош во случај да имаат силна главоболка, болка во стомакот, нозете, отежнато дишење.

Слични содржини