Ибрахимовиќ го пропушта Европското

од Vladimir Zorba

ЗЛАТАН ИБРАХИМОВИЌ нема да настапи на Европското првенство поради повреда на коленото, потврди селекторот на шведската фудбалска репрезентација, Јане Андерсон.

„Зборував со Ибрахимовиќ денес и, за жал, тој ми рече дека повредата ќе го спречи да игра на Европското ова лето. Секако дека е тажно, особено за Златан, но исто така и за нас. Се надевам дека ќе се врати на терените што е можно побрзо“, рече Андерсон.

За потсетување, лекарот на Ибрахимовиќ од САД првично потврди дека повредата не е сериозна и дека ќе му требаат три недели за да ја опорави ‘рскавицата. Според таа прогноза, Ибрахимовиќ би се опоравил на време за Европското првенство.

Сепак, од Милано велат дека нивниот напаѓач ќе оди на конзервативна рехабилитација, што ќе трае околу шест недели. Бидејќи ЕП започнува за помалку од еден месец, рехабилитацијата нема да заврши на време.

Слични содржини