Ибрахимовиќ ќе биде подготвен за натпреварите со Лацио и Јувентус

од Aleksandar Petrovski

Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ, се очекува да биде целосно подготвен за натпреварите со Лацио и Јувентус во Серија „А“. 38-годишниот Швеѓанец се здоби со повреда на мускулот за време на тренинг и во моментов е надвор од акција.

Според „Кориере дела Сера“, Ибрахимовиќ ќе биде целосно опоравен за натпреварот со Лацио на 4 јули и со Јувентус три дена подоцна. Сепак, тој сигурно ќе ги пропушти првите четири натпревари по продолжувањето на сезоната, вклучително и реваншот со Јуве во полуфиналето на Купот на Италија.

За време на закрепнувањето, Златан ќе престојува во Италија и повеќе нема да се враќа во својата татковина, како што направи пред неколку дена.

За 10 дена ветеранот ќе помине нови тестови за да види како се одвива неговиот третман.

Слични содржини