Ибрахимовиќ: На „Златната топка“ и е жал што никогаш не ја освоив

од Vladimir Zorba

Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ даде интервју за „Франс фудбал“, откако зборуваше за себе во контекст на Лео Меси и Кристијано Роналдо.

„Ако зборуваме за вродени квалитети, јас ги немам помалку од Роналдо и Меси. Ако ги погледнете трофеите, да, јас не ја освоив Лигата на шампионите. Не знам како би пресметале кој е подобар. Не сум опседнат со тоа. Индивидуалниот квалитет доаѓа само кога тимот е добар“, рече Златан Ибрахимовиќ.

Швеѓанецот никогаш не ја освои „Златната топка“, и даде интересен коментар за тоа.

„Дали ми е жал што не ја освоив „Златната топка“? На „Златната топка“ и е жал што не ја освоив. Длабоко во себе знам дека сум најдобар на светот. Мислам дека не е релевантно да се споредуваат играчите едни со други. Секој има своја приказна и треба да ја следи, условите се различни“, додаде Ибра.

Слични содржини