Ибрахимовиќ најде решение за да избегне суспензија

од Vladimir Zorba

Златан Ибрахимовиќ го продаде својот сопственички удел во обложувалницата „Бетхард“ за да избегне суспензија на УЕФА, пренесуваат шпанските медиуми.

Откако шведските медиуми објавија дека 39-годишниот напаѓач на Милан има удел во обложувалница регистрирана на Малта, УЕФА одлучи да поведе дисциплинска постапка против Ибрахимовиќ.

Тие назначија етички и дисциплински инспектор да испита дали Ибрахимовиќ има финансиски удел во обложувалницата. Очигледно, истрагата ги потврди обвинувањата на шведските медиуми, што значи дека на напаѓачот на Милан му се заканува висока парична казна во износ од 100.000 франци или тригодишна суспензија.

Да потсетиме, според етичкиот кодекс, играчите на ФИФА и УЕФА не смеат да имаат сопственост во компании кои се занимаваат со обложувалници или слични активности поврзани со фудбалски натпревари, пренесува „Гол“.

Слични содржини