Илиевски му честиташе на Димитриевски

од Берта Китинска

Кандидатот на СДСМ, Оливер Илиевски му ја  честиташе победата на Максим Димитриевски.

„Благодарност до 19.470 граѓаните кои ме поддржаа, а за независниот кандидат Максим Димитриевски, поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, гласаа 25.470 граѓани. Му честитам на победата и му посакувам успешен мандат“, рече Илиевски.

Според информациите од официјалната страница на ДИК, според обработени 32,9 отсто од гласовите, независниот кандидат за градоначалник на општина Куманово, Максим Димитриевски е во водство со 7.289 наспроти кандидатот на СДСМ, Оливер Илиевски кои има 6.317 гласови.

Слични содржини