Илиевски: СДСМ има широк коалициски капацитет, во вториот круг сме сигурни победници

од Берта Китинска

СДСМ има широк коалициски капацитет, во вториот круг сме сигурни победници, вели кандидатот за градоначалник на Куманово од СДСМ, Оливер Илиевски во  дебата на телевизија Телма.

-Советничката листа на СДСМ е победничка, ние имаме 10 советници. Ние се обраќаме до сите граѓани на Куманово најпрово. Нормално е дека СДСМ има широк коалициски капацитет и знаеме дека во вториот круг сме сигурни победници. Затоа треба да продолжиме да ја презентираме програмата, за да стигне до сите граѓани. ЛДП останува во коалција на централно ниво, со тоа ефектот ќе се пренесе и на локално ниво. Во коалицијата се и ДУИ, БЕСА, тука е и ДПА, смета Илиевски.

Во однос на тоа дали се купуваат гласови, тој ја спомена аудио снимката на советникот на Димитриевски во која се нуди 500 денари за гласови.

-Слушнавме аудио снимка на кој советник на Димитриевски сака да купува гласови за 500 денари , се користи администрацијата, луѓето земаат боледување за да не им се врши притисок, кажа Илиевски.

Слични содржини