Има пари во буџетот за економска помош, се подготвува шестиот пакет мерки, рече Заев

од Берта Китинска

На прашањето за дали има доволно средства во буџетот за да се исплати помошта од петтиот пакет мерки кој се уште не е изгласан во Собранието, премиерот Зоран Заев рече дека буџетот е стабилен и дека има средства.

-Пари има, 700 милиони евра се дел од тие пари кои ќе се отплата во јуни буџетот е стабилен само во март од царината имаме 28,6 проценти поголема наплата на царина на акциза од март 2020 година, вели Заев кој уште еднаш упати порака дека државата постои за граѓаните, заради работниците, стопанството и секогаш ќе им се помага на оние кои се погодени од ковид-кризата.

-Има средства и веќе се подготвува шестиот пакет мерки за помош, токму заради затворањето на угостителските објекти, хотели..Ние сме подготвени и за понатаму, кризата ќе трае. Се надеваме дека бројките ќе ги скротиме со лична заштита и почитување на мерките. Финансиска помош ќе има, вели Заев.

За вчерашните случување во Собранието, премиерот рече дека го осудува насилството врз жените.

-За состојбата во Собранието не можам да коментирам, не ги знам деталите  само можам да кажа дека осудувам насилие врз жена и треба да има извинување, рече, Заев.

loading...

Слични содржини