Индискиот вид откриен и во Белгија, еве што знаеме за него

од Vladimir Zorba

ОБЕДИНЕТОTO КРАЛСТВО ја стави Индија на црвената листа на земји заради зголемениот број на инфекции во таа земја, но и заради загриженоста за нов вид на Ковид-19 што се појави во областа и сега полека почнува да се шири во светот.

Поради новата верзија на коронавирусот, Франција исто така одлучи да воведе нови ограничувања за влез за патниците од Индија, а на таа земја наскоро ќе се применат истите ограничувања како и за Бразил, Аргентина, Чиле и Јужна Африка.

Индиски вид

Мутираниот вид на Ковид-19 за прв пат беше идентификуван во Индија во октомври, но наскоро се прошири низ целата земја. Индиското Министерство за здравство објави на 24 март дека 15% до 20% од дијагностицираните со Ковид-19 во државата Махараштра има две невообичаени мутации: E484Q и L425R. Процентот, наводно, досега се искачил на повеќе од 60% во некои делови на земјата, а мутираниот сој го добил името B.1.617.

Оваа варијанта наскоро се прошири во неколку земји, вклучувајќи ги Велика Британија, САД, Израел и Австралија.

Британските експерти го забележале овој вид во примероци од Велика Британија, кои датираат од февруари. Државната агенција за јавно здравје на Англија (ПХЕ) минатата недела соопшти дека досега се пријавени 73 случаи на вирусот во Англија, а во понеделникот министерот за здравство Мет Хенкок ја ревидираше бројката на 103 инфекции. Повеќето инфекции со новиот вид во Велика Британија се поврзани со патување во или од Индија, но имало и случаи на локално пренесување, пишува „Гардијан“.

„АФП“ денес објави дека е забележан првиот случај на инфекција со индискиот вид и во Белгија.

Колку е опасен овој вид?

СЗО минатата недела објави дека B.1.617 во моментов е означен како „под истрага“. Ако се покаже дека овој вид е заразен или поотпорен на нашиот имунолошки одговор, тогаш тоа ќе биде „загрижувачка варијанта“.

Експертите се малку загрижени затоа што оваа верзија содржи две мутации на S протеинот (S – шилецот) што може да ја зајакне неговата способност да го избегне нашиот имунолошки одговор. Мутацијата L452R може да му помогне на вирусот да избегне некои антитела формирани по вакцинацијата, додека E484Q има сличности со мутацијата E484K што овозможува јужноафриканската варијанта да стане нешто отпорна на вакцините.

Дали вакцините ќе бидат ефикасни?

Научниците веруваат дека постојните вакцини ќе бидат ефикасни против индискиот вид во смисла на спречување на тешка болест и во смисла на забавување на ширењето на инфекцијата, пишува Би-Би-Си.

„За повеќето луѓе, вакцините можат да значат разлика помеѓу без или благи симптоми и да завршат во болница со можност за смртоносен исход“, рече вирусологот Џереми Камил од Универзитетот во Луизијана.

Дали овој вид е одговорен за порастот на заразените во Индија?

Во Индија, од 15 април дневно се регистрирани околу 200.000 случаи на Ковид-19, што е над 93.000 случаи на ден на врвот на последниот бран минатата година.

Ова значително зголемување на инфекции може да се должи на големите собири и недостаток на превентивни мерки како што се носење маски или социјално дистанцирање. Од друга страна, една од причините може да биде варијантата B.1.617.

Просечната преваленца на варијантата се зголеми од скоро 0% во јануари на дури 52% од примероците во април, според Ал Џезира.

Во некои области на државата Махараштра, епицентарот на сегашниот бран, новата варијанта на се наоѓа во повеќе од 60% од примероците.

Колку се загрижени научниците?

Имунологот Дани Алтман од Лондонскиот Империјал колеџ рече дека, според сè што видел, тој верува дека индискиот вид наскоро ќе стане „загрижувачка варијанта“.

Од друга страна, генетичарот Џефри Барет од институтот Сангер смета дека индиската верзија веројатно нема да биде проблематична како и другите вознемирувачки варијанти, како што се тие од Јужна Африка или Бразил.

„Овој вид е присутен во Индија со месеци на ниско ниво. Се појави и во други области и не се шири екстремно брзо, што укажува на тоа дека не е толку заразен како британскиот вид“, рече Барет.

Камил се согласува со него, велејќи дека тој „се сомнева дека индискиот вид е позаразен од британскиот“.

Слични содржини