Интер регистрираше четворица нови играчи

од Stefanija Kuzmanovska

Интер сериозно влезе во летниот преоден рок. Клубот на првиот ден од јули официјално регистрираше четворица нови играчи.

Станува збор за Андре Онана, Хенрих Мхитаријан, Кристијан Аслани и Ромелу Лукаку.

Онана и Мхитаријан дојдоа како слободни играчи по сезоните со Ајакс, односно Рома, додека на Аслани му беше продолжена позајмицата од Емполи.

Што се однесува до Лукаку, тој се врати во клубот по разочарувачката сезона во Челси.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Интер се уште не ја завршил работата околу засилувањата.

Се верува дека во наредните денови би можел да потпише и Раул Беланова од Каљари.

Слични содржини