Интер се распаѓа без Меси

од Симе Стоиков

Фудбалерите на Ред Бул Њујорк го совладаа Интер Мајами со 4:0 во натпреварот од 6.коло во МЛС лигата.

Гостите трет последователен натпревар одиграа без Лионел Меси, кој паузира поради повреда на мускулот, а тоа се одразува и на резултатите (Мајами 1-0-2 без Аргентинецот).

Против Ред Бул им пресуди поранешен играч – Шкотланѓанецот Луис Морган.

Момчето кое претходните две сезони го носеше дресот на тимот од Флорида, синоќа во Њу Џерси брилјираше со хет-трик, втор во неговата кариера во МЛС.

Голем натпревар одигра и Белгиецот од домашниот тим Данте Венцир – четирикратен асистент! Покрај Морган, стрелец за „биковите“ беше и Венецуелецот Викелман Кармона.

Во гостинскиот тим беа Суарез, Алба, Бускетс, но овојпат триото не им помогна многу на избраниците на Херардо Мартин кои и покрај поразот остануваат во горниот дел од табелата во Источната конференција со учинок 3-1-2. .

Слични содржини