Инцидентот на Кајмакчалан не е индивидуален чин, туку смислено сценарио

од Vladimir Zorba

Пет дена по последните настани поврзани со рушењето на бугарската спомен плоча на врвот Кајмакчелан, а во чест на загинатите бугарски војници, освен реакцијата на македонското МНР, официјално Скопје молчи, анализира Libertas

milenko_kajmakcalan21

Минатата недела во Виена, бугарскиот премиер Бојко Борисов изјави дека Скопје не работи на зближување на односите и добрососедската политка меѓу двете земји, потенцирајќи дека Бугарија секогаш прва покажува добра волја и и дава помош на Македонија. Тој реторички и потенцираше дека еден ден, повторно официјално Скопје прво ќе ја побара помошта од Софија, а кога Македонија би требало да се најде на дневен ред за отпочнување на прием во Европската Унија.

По неколкудневниот молк од страна на македонските власти, високи дипломати, кои инсистираат на анонимност, во разговор со „Либертас“ потенцирааа оти имаат информации дека Владата на Република Македонија, латентно се обидува да ги одолговлечи следните фази од преговорите во рамки на постигнувањето на Договорот за добрососедство помеѓу двете земји. Преку овој Договор, Скопје и Софија треба дипломатски да се договорот на признавање на заедничкото минато, историја и култура и создадат напори за заедничко одбележување, славење и почитување на историските личности и датуми, со што треба да се стави крај на недоразбирањата од минатото.

Сепак, дипломатите со кои разговаравме се крајно резервирани по однос на искрените напори на претставниците на Владата на Република Македонија, за конечно реализирање на овој добрососедски договор. Нашите соговорници потенцираат оти дел од ваквите провокации и опструкции доаѓаат и директно од екс премиерот Никола Груевски, кој како се уште најмоќна фигура во државата, со ништо не покажува дека вложува напори и има желба Договорот за добрососедство конечно да се потпише.

Дипломатите потенцираат дека на последните прозивки од официјлна Софија, владата во Скопје молчи и истите ги игонирира затоа што се свесни дека во јавноста по однос на бугарското прашање и позиции се уште владее мошне негативно мислење, како резултат на сите досегашни пропаганди и анти пријателски потези кон оваа земја. Како дел од таквата општа клима се толкува и последното рушење на бугарската спомен плочата од страна на водителот Миленко Неделковски.

Нашите соговорници уверуваат дека не се работи за изолиран и индивудален чин, туку за смислено сценарио од други партско политички структури, блиски до владеачката ВМРО ДПМНЕ, а Неделковски е само обичен извршител. Поради низата вакви инциденти, нашите соговорници уште еднаш потенцираа дека македонскта страна е таа која не вложува реални напори за надминување на разликите, туку напротив, повремено провоцира нови. Според тоа, нема да биде изненадување доколку во иднина и владата во Бугарија повлече официјален потег со кој сериозно може да се загрозат македонските аспирации за влез во НАТО и ЕУ, а тоа само дополнително ќе ги наруши и загрози меѓудржавните односи.

Дипломатите потенцираат дека е вистиско време Владата на Македонија да покаже вистински и конкретни потези и инцијатива за надминување на разликите, како дополнително не би ги загрозила своите евроатлански аспирации.

Слични содржини