Иран демантира дека збогатил ураниум до 84 проценти чистота

од Stefanija Kuzmanovska

Иран денеска ги отфрли обвинувањата дека го збогатил ураниумот до 84 проценти чистота, што е блиску до степенот на нуклеарно оружје.

„До сега не сме се обиделе да го збогатиме над 60 проценти. Присуството на честички над 60 отсто збогатување не значи производство со збогатување над 60 отсто“, изјави портпаролот на иранската организација за атомска енергија, Бехруз Камалванди, цитиран од официјалната новинска агенција ИРНА.

Иран збогатува ураниум до 60 проценти чистота од април 2021 година, а медиумите објавија дека пред три месеци почнал да збогатува ураниум на втората локација Фордов, која е закопана во планините и дека чистотата е околу 90 проценти.

Слични содржини