Иран: САД ги третира другите земји исто како полицајците што го убија Флојд

од Nikola Popovski

Врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, ја спореди смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд со однесувањето на Вашингтон кон другите земји.

„Фактот дека полицискиот службеник ладнокрвно притиснува црнец со колено, по што овој умира, без оглед на молбите, додека другите полицајци гледаат и не прават ништо – не е ништо ново, тоа е суштината на Америка. Точно вака се однесуваа кон целиот свет – Авганистан, Ирак, Сирија, и со многу други земји“, изјавил тој.

Како што рече тој во својот говор по повод годишнината од смртта на лидерот на иранската револуција, ајатолахот Хомеини, она што се случува сега во разните американски градови и земји е манифестација на реалноста што ја криеја во Америка.

„Нема ништо ново во тоа“, додал Хамнеи.

Протестите беснеат низ цела Америка веќе една недела по убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд. Најмалку 40 градови воведоа полициски час, но и покрај тоа многу демонстранти излегле на улиците. Членови на Националната гарда се активирани во 23 земји. Претседателот Доналд Трамп претходно најави мобилизација на војската за запирање на насилството.

Слични содржини