Иран: Убиството на сите американски лидери нема да биде доволно за да се одмазди смртта на Сулејмани

од Vladimir Zorba

Убиството на сите американски лидери нема да биде доволно за да се одмазди смртта на иранскиот воен командант генерал Касем Сулејмани, изјави денеска генералот на иранската револуционерна гарда – Мохамед Пакпур.

„Убиството на сите американски лидери не би било доволна одмазда за крвта на Сулејмани, ние мора да го следиме патот на Сулејмани и да го одмаздиме со други методи“, рече Папкур, цитиран од Ројтерс.

Сулејмани беше убиен од американската војска во јануари 2020 година за време на неговата посета на Ирак, а иранските власти ветија дека ќе се одмаздат на сите одговорни за неговиот атентат.

Слични содржини