Исчезнаа камерите од судењето за шамарите во Центар, судијата ги бараше низ судот

од desk2

За време на паузата од денешното рочиште по предметот „насилство во Центар“, исчезнаа камерите кои го снимаат судењето. Дека камерите ги нема примети адвокатот на одбраната, Димитар Данков, и се обрати до судијата.

Судечкиот судија рече дека без негова дозвола и знаење камерите се отстранети од судската сала. Судењето беше накратко прекинато за да се провери каде исчезнале.

Во отсуство на судијата обвинетите се нашалија за пропустот на судот.

-Ете дојде живот – прокоментира Миле Јанакиески, обвинет во предметот и поранешен министер за транспорт.

Набрзо камерите беа пронајдени. Наводно за друго судење ги позајмила судијката Софија Лаличиќ.

Со видео надзорот се снима судењето за овој предмет по барање на обвинетите./Fokus

Слични содржини