Иселените Македонци во Швајцарија со најголем интерес на онлајн пописот

од Берта Китинска

Во тек е процесот на попишување на дијаспората.

Преку електронската апликација попишани се над 60.000 граѓани. Најмногу лица се самопопишале во Швајцарија, околу 16.000, а тоа е една четвртина од очекуваната бројка. Потоа следуваат Германија со околу 10 илјади и Италија со шест илјади попишани лица. Послаби се резултатите во Канада и во Австралија, информираше Министерот за надворешни Бујар Османи.

Османи сепак вели дека е рано да се даде оценка за успешноста на целиот процес, со оглед дека дијаспората ќе може да се попишува до 21 април.

Пописот на населението, домаќинствата и становите во земјава ќе се спроведе во месец април.Тој ќе започне од 1, а ќе трае до 21 април годинава.

Слични содржини