Историска куп титула на УГД Штип

од Симе Стоиков

Одбојкарите на УГД Штип ја освоија историската прва Куп-титула откако во финалето славеа над фаворитот Струмица со резулат од 3-2 во сетови (22-25, 25-22, 19-25, 25-21, 15-13)

Струмица отвори добро и го доби во своја корист првиот сет, но домаќините на овој турнир се вратија во вториот за израмнување од 1-1.

Одново третиот сет припадна на струмичани, но во продолжение следеше комплетен пресврт и конечна победа на УГД Штип за големо славје.

Иранецот Задмард со 26 беше најефикасен кај УГД Штип каде одличен меч имаше и Алексов кој зад своето име запиша 21 поен.

Прво име кај поразената екипа беше тунижанецот Ом Хени со 28 поени. Оваа титула на штипјани воедно значи и прекин на серијата од седум години со исто толку трофеи од Купот на Македонија за Струмица.

Слични содржини