Истрага во Италија: Му се заканувале на министерот за здравство

од Stefanija Kuzmanovska

Италијанските обвинители денес објавија дека четири лица се под истрага за наводни закани кон министерот за здравство Роберт Сперанца преку е-пошта.

Карабинерите извршиле претрес во домовите на осомничените, кои се сите италијански државјани, во провинциите Торино, Каљари, Варезе и Етна, пренесува италијанската новинска агенција Анса.

Тие лица, наводно, стојат зад „бројните електронски пораки со сериозно заканувачка содржина испратени до министерот за здравство, Роберт Сперанца, во периодот од октомври 2020 до јануари 2021 година“, соопшти обвинителството.

Осомничените се обвинети за кривично дело „тешка закана“.

Слични содржини