Истражување: На жените им здосадува сексот со партнерот по само една година

од Vladimir Zorba

Ново истражување спроведено од научници од Универзитетот во Саутемптон шокираше многумина. Имено, тие спроведоа истражување со 4.839 жени и 6.669 мажи на возраст од 16 до 74 години, а темата беше секс, односно кога и кому му здосадува.

Според „Индипендент“, резултатите покажале дека жените се оние на кои им здосадуваат сексуалните односи со партнерот, а некои губат интерес по само една година!

Постојат многу причини – раѓање на дете, воспитување на мали деца, замор, секојдневен стрес …

„Недостаток на желба за секс може да биде резултат на замор, стрес, грижа за децата … Тоа влијае на жените повеќе отколку на мажите “, тврдат авторите на истражувањето и објаснуваат како тоа понекогаш е под влијание на недостаток на емоционална блискост со партнерот, слаба комуникација и здравствени проблеми.

Жените откриле дека почнало да им пречи арогантното однесување на нивниот партнер, нивните тетоважи или слични украси на телото, а некои навеле лошо искуство во претходниот сексуален однос, па дури и насилен секс.

Дури 34 проценти од жените признале дека немаат интерес за врската, а истото го тврдат само 15 проценти од мажите, според студијата објавена во British Medical Journal Open.

Слични содржини