Иствуд го поддржа Блумберг за претседател

од Vladimir Zorba

Легендарниот актер и режисер, Клинт Иствуд избра да го поддржи Мајкл Блумберг за претседател, а не Доналд Трамп, кого го поддржа пред четири години, пренесе АФП.

Во обемното интервју за Вол Стрит Журнал, 89-годишниот добитник на Оскар изјави дека дури иако цени некои добри резултати на Трамп, тој не може а да не се жали за лошата и грда природа на денешната „непријатна“ политика во Америка.

Трамп мора да постапува „покоректно, без да пишува на Твитер и да ги навредува луѓето“, вели Иствуд, кој во 2016 година го претпочиташе смелиот милијардер пред Хилари Клинтон затоа што, како што рече во тоа време, се плашеше дека таа ќе ги следи стапките на (претседателот Барак) Обама“.

„Најдоброто нешто што можеме да направиме е да го избереме Мајк Блумберг“, рече тој во интервјуто доцна во петокот, посочувајќи го американскиот медиумски магнат, кој се вклучи во трката за претседателската номинација за демократија во ноември.

Блумберг (78) е поранешен градоначалник на Њујорк, што значи дека двајцата имаат нешто заедничко во своето политичко искуство.

Иствуд, покрај неговата кариера како актер и режисер во Холивуд, која му донесе четири „Оскари“, беше и градоначалник две години на градот Кармел, Калифорнија.

Слични содржини