Италија и Германија ќе го плаќаат рускиот гас во рубљи

од Nikola Popovski

Германија и Италија отвораат сметки во рубљи за да продолжат да купуваат руски гас без да ги прекршат санкциите против Москва, објави Ројтерс. Според агенцијата, мерките се договорени со ЕУ.

На добавувачите им беше објаснето дека можат да отворат сметки во рубљи, доколку плаќањата што ги вршат кон Газпромбанк не се во руска валута. Германија, најголемиот увозник на руски гас во регионот, дејствуваше во тесна координација со ЕУ.

Италија го коментираше ова прашање и со Европската комисија и доби појаснувања како да купи руски гас без да ги прекрши санкциите. Во вторникот италијанската енергетска компанија „Eni“објави дека отворила две сметки – една во евра и друга во рубљи.

Поради одбивањето на Полска, Бугарија и Финска да го исполнат барањето на Москва за плаќање гас преку сметките во рубљата кај Газпромбанк, испораките беа прекинати.

Утрово испораките за Финска престанаа откако скандинавската земја одби да му плати на Газпром во рубљи.

Слични содржини