Италија: Нови 130 починати од коронавирус, бројот на заразени се зголеми за 652

од Stefanija Kuzmanovska

Уште 130 пациенти со коронавирус починаа денес во Италија, што е помалку од претходниот ден, објави Агенцијата за цивилна заштита.


Така, вкупниот број на жртви од почетокот на епидемијата достигна 32.616, според кои Италија се уште е на третото место во светот, по Соединетите држави и Велика Британија.

Бројот на заразени лица е зголемен за 652, така што вкупниот број заразени од почетокот на епидемијата е 228.658.

Статистичарите сметаат дека во Италија, како и во многу други земји, многу повеќе луѓе починале од вирусот отколку што покажуваат официјалните податоци, затоа што многу починати пациенти не биле претходно тестирани за „Ковид 19“, пренесува Ројтерс.

Италија, која има население од 60 милиони, досега тестирала 2,12 милиони граѓани.

Слични содржини