Италија: Значително намален бројот на жртвите од коронавирус

од Vladimir Zorba

Во Италија 174 лица починаа денес од коронавирус, што е намалување за 300 од саботата и најмал број на смртни случаи на дневна основа од 10 март.

Бројот на нови случаи е 1.389, што е исто така значителен пад од претходните денови, пренесува Ројтерс.

Овие информации се охрабрувачки и Италија се подготвува за утрешното постепено олабавување на осумнеделниот карантин.

Од избувнувањето на епидемијата починале вкупно 28.884 лица, а заразени се 219.717 лица, пренесува Агенцијата за цивилна заштита.

Слични содржини