Иванов: Сега Џамбаски не бил нивен, види богати, од кога тоа?

од Vladimir Zorba

Кога најдокажани бугараши на времето, од основањето на ВМРО-ДПМНЕ во деведесеттите па сѐ до денес, кога тамошни високи партиски фаци и тогаш, а и сега, ни ја бугаризираа и ни ја бугаризираат државава, јас, еве нека е од инает, застанувам во одбрана на софискана ВМРО будалетинка Џамбаски, пишува Зоран Иванов за ЦИВИЛ.

Зошто? Па просто. Ем род им е, ем сега не само што во устав не ќе го ставале, туку и ќе го тепале. Но не. Не. Сега и рука ќе му цунувате бугаромани овдешни маскирани.

Ај по ред, за да не виси ова погоре како некаков виц и колку како за некаква забава:

Пред триесет и две години ВМРО-ДПМНЕ е основана како двослојна, како хибридна партија, со силно внатрешно пробугарско крило и со нагласено македонистичко крило од евро-дијаспората. Секако и со силна овдешна промакедонска граѓанска поддршка. Со поддршка на многубројни искрени Македонци и Македонки родољуби, борци за Македонија. Но, исто така, и со куп влијателни манипулатори, пробугарски елементи не инфилтрирани во партијата, туку и владетели во партијата и на партијата. Едни, највисоки партиски функционери, други, делегирани за министри, трети, влијателни спин доктори и македонски негатори.

Целата колумна на следниот линк!

Слични содржини