Иванов за Зеќири: Нешто не функционира во системот, не може генсекот да располага со толкави средства

од Nikola Popovski

Конечно треба да престанеме со пораки и сигнали, туку институциите да си ја вршат работата за луѓето кои пуштаат пипци во Буџетот на граѓаните. Излегува дека во сите овие 30 години, секоја борба за власт е за оние да дојдат до тие туѓи пари, тие тендери, изворот на менталниот склоп на народот. Обвинителката за случајов рече дека знае каде се парите и има докази. Сепак да дадеме шанса за истрагата. Мислам дека тие функционери немаат заштита како пратениците со некаков имунитет, рече новинарот Зоран Иванов за истрагата против поранешниот генсек во Владата, Мухамед Зеќири за проневера на пари од буџетот на државата.

Според него, едно нешто не е јасно во целата ситуација.

-Нешто не функционира таму во системот, слично се случи и со Рашковски. Како е можно со толкави суми, тендери да се распишуваат во Генералниот секретаријат на Влада. Таа институција треба да ја организира Владата и да комуницираат со другите институции. Тоа е негова работа како генсек. Природно би било тендерите да се во Службата за општи и заеднички работи. Зеќири можеби ќе покаже каде се парите и ќе каже не сум јас. Се уште е рано да кажеме. Не ми е јасно генерален секретар може да располага со толкави средства и да се распишува тендери и да се аплицира со толку пари на такви тендери, додава Иванов во емисијата „Само вистина“.

Слични содржини