Актуелно
Почетна / Магазин / Избегнувате брза храна, но не можете да одолеете? Помирисајте ја

Избегнувате брза храна, но не можете да одолеете? Помирисајте ја

Речиси и да не постои човек кој може да одолее на мирисот на штотуку испечено месо на скара, свеж помфрит, палачинка со крем и лешници, пица, бурек…

Но, според една неодамнешна студија, ако сакате да ја намалите желбата за брза храна, треба да се потпреме на својот нос. Всушност, ние повеќе реагираме на нивните ароми, отколку на изгледот и на самиот вкус. Сигурно сте забележале дека кога ќе помирисате нешто, ви се отвора апетит токму за тоа – покрај пекарница за некое печиво или покрај ресторан за месо на скара.

Токму тој мирис влијае на тоа каков избор на храна ќе направиме. Кога сте во кино, знаете дека обични пуканки се поздрав избор, но бидејќи насекаде мириса на путер, се одлучувате за такви. Ако две минути сме изложени на мирисот на храната, многу е веројатно дека ќе се заситиме од него и дека на крај нема да влеземе и да купиме бурек или сендвич со помфрит.

Трикот е во тоа што од некој мирис можеме да се презаситиме и да ни стане одбивен. На пример, кога готвите, колку и ентузијазам да вложувате, може да се случи воопшто да не ви се јаде од храната, бидејќи во процесот на готвење премногу сте изложени на мирисите на состојките.

Кога чувствувате мирис на брза храна помалку од 30 секунди, тогаш ви се отвора апетитот. Затоа, следниот пат почекајте барем една минута. Откако ќе се презаситите, многу полесно ќе ви биде да го изедете здравиот ручек, без да мислите на парчето пица кое го видовте во киоскот.

loading...