Изгледот на Џенифер Лопез ја воодушеви Венеција (ФОТО)

од Vladimir Zorba

Иако имаше многу познати личности на шоуто Алта Мода – од Дожа Кет, Сиара и Кортни Кардашијан преку Моника Белучи и Кити Спенсер до Лејди Хелен Мирен, Џенифер Лопез привлече најголемо внимание.

Американската пејачка и актерка се појави на ревијата во кралско издание потпишано од Доменико Долче и Стефано Габана.

Таа го привлече вниманието со необично парче – прекрасна зелена наметка со цветен дезен што стигнуваше се до подот, и која беше украсена со монументално копче.

https://www.instagram.com/reel/CTKxQK8pq3P/?utm_source=ig_web_copy_link

Под него, таа носеше сет составен од кроп топ и панталони со висок струк кои ја нагласија нејзината фит фигура, а комбинацијата ја собра со сандали со отворени прсти и вртоглави платформи кои вообичаено сака да ги носи.

Таа го заврши изданието со минијатурна златна чанта, а на главата носеше цветна круна, што дополнително придонесе за кралскиот впечаток.

Комбинацијата ја сподели и на својот Инстаграм и доби неколку милиони лајкови од весели обожаватели кои и рекоа: „Изгледаш прекрасно!“

Слични содржини