Израел: Пациентите со најтешки компликации од коронавирус се невакцинирани

од Nikola Popovski

Шефицата на јавните здравствени служби на Израел, Шерон Алрој-Преис, изјави дека повеќето од најсериозно погодените пациенти во таа земја, кои страдаат од Ковид-19, не се вакцинирани и дека речиси сите што не се вакцинирани, се приклучени на респиратори за дишење.

„Од 175 пациенти на респиратор, две третини воопшто не се вакцинирани“, рече Алрој-Преис, додавајќи дека од 27 пациенти поврзани со уреди за оксигенација на екстракорпорална мембрана (ЕКМО), од кои повеќе се помлади од 60 години, 90 проценти се невакцинирани.

Таа појаснува дека еден ден откако Американскиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) објави нови податоци, кои покажуваат дека луѓето кои не се вакцинирани имаат 11 пати поголема веројатност да умрат отколку оние кои биле целосно вакцинирани, пренесуваат израелските медиуми.

Алрој-Преис предупреди дека е важно да се спасат животи, а не колку луѓе ќе бидат заразени.

Предупредувањето беше упатено до Израелците кои можат да ја примат вакцината, но не го сториле тоа.

Има околу 850.000 невакцинираи од вкупните 9,3 милиони жители на Израел.

Во таа земја, 2,7 милиони луѓе веќе ја примиле третата доза од вакцината, што шефицата на јавното здравство ја опиша како импресивно достигнување.

„Ние сме водечка земја која му покажува на светот дека вакцината спасува животи и потиснува сериозни болести“, рече таа.

Третата бустер вакцина почна да се дава во Израел од август.

Една нова студија покажа дека Израелците се десет пати позаштитени од сериозни инфекции 12 дена по добивањето на третата доза од оние кои примале само две дози.

Слични содржини