Израелската амбасада донираше апарати за критичните новороденчиња

од Nikola Popovski

„Денеска, амбасадата на Израел донираше апарати за критичните новороденчиња на детската клиника, како дел од соработката со Проект Хоуп. Донацијата се состои од инфузиони пумпи за правилно дозирање терапија и венвјуери за скенирање на вени кај критични новороденчиња“, објави министерот за здравство, Венко Филипче.

Според него, со венвјуер апаратите за првпат ќе се врши одредување на пнеумоторакс односно зголемен воздушен притисок во бели дробови кај бебиња.

„Благодарност на амбасадорот Ден Ориан за вложувањето овие години во јавното здравство. Нашата соработка продолжува и понатаму“, истакна Филипче.

Денешната донација е дел од проектот „Перимак“ на „Проџект хоуп“, кој има цел да го организира неонаталниот транспорт во државата и да ја редуцира перинаталната смртност. Овој проект е имплементиран со поддршка на МЗ и почна во 2017 година.

 

Слични содржини