Израелската армија влегла во појасот Газа

од Nikola Popovski

Израелските трупи влегле во појасот Газа како дел од тековната воена операција против палестинското исламистичко движење Хамас, соопшти синоќа израелската војска.

„Израелските воздушни сили и копнените трупи изведуваат напад во појасот Газа“, соопштила армијата во кратката порака.

Според израелски „Хаарец“, акцијата започнала 20-тина минути по полноќ по локално време.

Одговарајќи на прашање на АФП, портпаролот на армијата Џонатан Конрикус потврдил дека израелски војници влегле во палестинската енклава.

Израелскиот премиер Нетанјаху изјави дека Хамас ќе плати „многу висока цена“ за своите постапки.

„Ќе продолжиме да го правиме она што го правиме со голем интензитет. Сè уште не е кажан последниот збор и оваа операција ќе продолжи се додека е тоа потребно“, рекол Нетанјаху.

Околу полноќ по локално време, Хамас одговори со истрелување неколку ракети кон јужен Израел. Градот Бершеба беше најтешко погоден.

Слични содржини