Израелските безбедносни сили втора ноќ по ред упаднаа во џамијата Ал-Акса

од Stefanija Kuzmanovska

Израелските безбедносни сили втора ноќ по ред упаднаа во џамијата Ал-Акса во окупираниот Источен Ал-Кудс/Ерусалим, неколку часа откако повеќе од 350 Палестинци беа уапсени и отстранети во полициска рација во комплексот и покрај апели на САД за намалување на тензиите.

Судирите започнаа вчераутро кога израелската полиција исто така упадна во џамијата за наводно да ги исфрли Палестинците кои палеле факели и огномет внатре во џамијата, што предизвика прекугранична размена на оган во Газа подоцна во текот на денот и предизвика страв од понатамошно насилство.

„Доцна синоќа полицијата влезе во комплексот на џамијата и се обиде да ги евакуира верниците, користејќи шок бомби и со испукување на гумени куршуми“, соопштија од персоналот на Вакуф, исламската организација назначена од Јордан која управува со комплексот.

Како што изјавија за „Гардијан“ очевидци од местото на настанот, верниците фрлале предмети кон полицијата.

Палестинската Црвена полумесечина соопшти дека се повредени шест лица.

Полицијата употребила палки, солзавец и гумени куршуми.

Набил Абу Рудеине, портпаролот на палестинскиот претседател Махмуд Абас, рече дека израелскиот напад на џамијата Ал Акса е напад врз верниците и во исто време шлаканица за неодамнешните американски напори за создавање мир и стабилност за време на месецот на Рамазан.

Слични содржини