Јакимовски: По налог на Мицкоски, советниците на ВМРО гласаа за зграда од 18 ката во Крњево – ќе се заработат 23 милиони евра

од Nikola Popovski

Градоначалникот на општина Карпош и лидер на ГРОМ, Стевче Јакимовски го обвини претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека по негов налог, советниците во општина Центар гласале за изградба на зграда.

-Според твоите пресметки ако за зграда од 12445 м2 се заработи осум милиони евра, колку ќе се заработи со зградата што по твој налог ја гласаа советниците на ВМРО ДПМНЕ, спроти East Gate во Крњево, која има 18 спрата и вкупно развиена површина од 33724м2. Според твојата весела математика, ако во Козле се заработи осум милиони евра, од оваа што ти и твоите советници ја гласавте ќе се заработат 23 милиони евра.

Те прашувам јавно, кој беше твојот интерес? Во Козле, на парцела од 4700м2 ќе се гради зграда со 12445м2, значи односот е 1 спрема 3, компарирана парцелата со станбената површина што ќе се изгради. На парцелата што ти ја поддржа, спроти Македонска Телевизија или во Крњево има земјиште од 7200м2, а ќе се добие станбена површина о 33724м2. Значи односот земјиште – станбена површина за градба е 1 спрема 4.5, порача Јакимовски преку реакција.

Дополнително, додава Јакимовски, „фрла сенка на твојата одлука што овој објект ќе се гради на место каде што во моментов е јавен паркинг“.

-Како што милуваш да кажеш, се загрозува јавниот интерес, а во Козле ќе се гради на место каде што сега има стовариште и дополнителен бенефит за граѓаните е улицата која што ќе ја поврзе Козле со Адолф Циборовски.

Очигледно контаминацијата од East Gate те држи. И таму се инаетеше и не подржуваше градби за да на крај дадеш поддршка. Некои велат, откако си лапнал бајадера. Јас нема да се кријам зад твитерџија и да ти праќам флаери, еве ти го флаерот направен од мене и народот нека ги спореди и двата и нека каже кој е полош, ти или јас. Кој работи во свое име и за своја сметка, а кој работи во интерес на општината и граѓаните, истакнува градоначалникот во реакцијата до јавноста.

Слични содржини