Јаневски: Мотивот на годинешните туристи нема да биде цената или луксузот на сместувањето туку безбедноста на дестинацијата

од Aleksandar Petrovski

Во гостување на Телма, Љупчо Јаневски, директорот на агенцијата за промоција на туризмот истакна дека во туризмот најважна ќе биде безбедноста на гостинот.

-Мојот коментар за зголемувањето на новозаразени од Ковид-19 ќе го кажам со фудбалски жаргон. Се држевме 90 минути и во продолжение успеавме да си дадеме автогол се она што го направивме овие два и пол месеци, падна во вода за една вечер. Тоа претставува нашиот менталитет. Тоа што го видов не е за оптимизам, се надевам дека за брзо ќе го увидат и граѓаните за да не се вратиме на почетокот, бидејќи економски не можеме во контунуитет да бидеме во карантин, треба да направиме баланс да се избориме со состојбата и како таа ќе се рефлектира на туризмот.

Денешните бројки не даваат некој оптимизам за оваа туристичка сезона, но сепак би оставил една до две недели да видиме како тоа ќе се одрази на туризмот и каква е таа порака што ја праќаме на странските туристи кои треба да не посетат.

И во туризмот најважна ќе биде безбедноста на гостинот. Мотивот на годинешните домашни и странски туристи нема да биде цената или луксузот на сместувањето туку безбедноста на дестинацијата, рече Јаневски.

Слични содржини