Јанкуловска за „27 Април“: ВМРО ДПМНЕ не стои зад протестите, јас од дома гледав што се случуваше

Екс министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, денес се најде на листата сведоци за „27 Април“ ов кривничниот суд во Скопје.

Јанкуловска при денешното сведочеше дека ВМРО ДПМНЕ не стоеле како организатори зад протестите кои во тоа време се оддржуваа. Исто така, потенцира дека таа во моментот кога бил упадот, била во својата канцеларија во седиштето на партијата и не забележала некое невообичаено однесување, а од таму дома пристигнала во 17 часот, од каде гледала што се случува во Собранието.

„Јас во 17 часот си заминав од партијата и отидов дома, подготвив ручек и на телевизија видов што се случува, тогаш една ТВ емитуваше во живо од внатрешноста на Собранието”, посочи Јанкуловска.

Инаку, за денешното рочиште беа повикани 17 сведоци, а Јанкуловска беше спроведена од КПУ Идризово, каде издржува казна затвор за набавката на луксузниот Мерцедес.

Јанкуловска на рочиштето тврдеше дека не и е позната одлука на органи на партијата поврзани со протестите.

“Не ми се познати такви одлуки кога јас сум присуствувала на седниците, а од записниците не сум забележала таква одлука”, изјави Јанкуловска.

Гордана Јанкуловска издржува четиригодишата затворска казна, по судска пресуда за случајот „Тенк“ на СЈО, во врска со набавката на луксузниот мерцедес за 600 илјади евра.

Слични содржини