Девет години по упадот во македонското Собрание, кое заврши со насилства, а потоа и со промена на власта, според пратеничката на Левица, Јована Мојсоска ништо не е сменето, бидејќи немаше никаква одговорност за криминалот што доведе до тие настани. Според неа, тоа довело до резигнација кај луѓето, кои веќе не сакаат да излегуваат на улица и да бараат правда.
-Апсолутно ништо не се промени. Мислам дека и најголемиот грев на СДСМ и Заев кои злоупотребија некои искрени активисти кои беа дел од отпорот против ВМРО-ДПМНЕ, затоа што видовме дека СДСМ потоа ги амнестира сите криминалии на ВМРО-ДПМНЕ немаше никаква одговорност и тоа доведе до резигнација луѓето воопшто да не сакаат да излезат на улица и да бараат правда и одговорнст. Гледаме веќе две години, што е солиден период да преземе радикални чекори и да расчисти со криминалите на претходната власт оти секој ден гледаме некои пресови за криминали на Заев на Филипче, на Спасовски, ама пресови се држат кога сте во опозиција, а не кога ги држите сите полуги на власта, изјави Мојсоска и додаде дека двете најголеми партии продолжиле со „колективно амнестирање без никој да одговара што не е ништо ново на политичката сцена“.
За осудените за тероризам за упадот во Собранието, Мојсоска вели дека генерално ставот на Левица и кога имаше протести пред четири години со барање за преиспитување за повторно судење е да не го поддржаат бидејќи целиот случај паѓа во вода кога има многу амнестирани за истиот случај.
-Практчно пратеникот кој ја отвори вратата во Собранието и подоцна беше амнестиран за да може да се промени уставното име и од тој аспект мислам дека целиот случај треба да се гледа дека неговата крајна цел беше да може да се изврши притисок да се изврши влијание и да се изврши нелегитимната промена на уставното име. Сега во Услови кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт и голем дел од својот политички капитал го вгради во опозиција токму на ослободување на осудените на 27 април, а гледаме дека не се на слобода, ВМРО-ДПМНЕ ги извиси и своите членови, бидејќи луѓето што беа осудени беа нивни членови. И со промената на власт ништо не се промени. Лани беше скандал претседателката Гордана Сиљановска го помилува Шенки Версаче за дрога, но не ги помилува осудените за 27 април, што го покажува односот на ВМРО-ДПМНЕ кон своите членови, изјави Мојсоска.
Според неа, обидот на „Шарената револуција“, а претходно и на другите движења и протести, студентскиот пленум, не успеале да го урнат режмот.
-Ние живеме во режим 35 години со нашите политички партии и нивото на практицирање на парламентарната деморатија. Во тоа време сите опозициони сили беа обединети против власта на Груевски, која во крајните години покажуваше едно насилие, заедно со неговиот братучед Мијалков, кој после СДСМ, пак ќе речам, беше клучен играч во промената на името и тоа се злоупотреби кога дојде Заев на власт, изјави Мојсоска.
Пратеничката смета дека власта се фокусира да ја угуши секоја критика и да го запре секое критичко размислување.
-Секогаш кога ВМРО е на власт има едно поагресивно однесување кон демократијата, има понасилничко владеење за да се угуши секоја критичка мисла, во обид да се контролираат сите медиуми. Она што му требаше на Груевски за десет години да го направи да стигнеме до фаза на заробена држава, Мицкоски се обидува да ги контролира сите сфери на општеството во само две години и затоа имаме толку лоши економски и социјални перформанси, затоа што мислам дека власта се фокусира да ја угуши секоја критика и да го шиканира секое критичко размислување на нејзиното владеење и ова е фокусот на оваа Влада, изјави Мојсоска.
Е.Б.