Јанша: Демографијата е важен аспект на дебатата за иднината на ЕУ

од Vladimir Zorba

Премиерот на Словенија, Јанез Јанша денеска на Четвртиот демографски самит во Будимпешта изјави дека Европската унија разговара за иднината на ЕУ, што е многу важно прашање и дека темата на денешниот состанок е еден од важните аспекти на тaа дискусија, а прашањето за демографијата е најважното прашање со кое се соочува цела Европа.

„На сите ни е јасно дека ако нема потрошувачи, нема економија, нема студенти, нема образовен систем и ако нема образовани луѓе, нема да имаме влада. Луѓето исчезнуваат на многу места, тоа е тенденција и проблем што не можеме да го игнорираме“, рече Јанша.

Тој на панелот истакна дека сите зборуваат за луѓето како човечки капитал, што станало фраза, додека проблемот е што не се разбира дека човечкиот капитал не постои без луѓе .

„Нема држава без луѓе, без народ. Сите знаеме дека прашањето дали некој има деца или не е лична одлука, како и колку деца има, но исто така треба да кажеме дека има многу млади луѓе кои би сакале повеќе деца, но сепак не раѓаат, понекогаш затоа што се невработени, нема каде да живеат, со сите други околности“, рече Јанша.

Тоа, вели тој, значи дека треба да им се пружи поддршка и помош, бидејќи семејството е основа на општеството, а силното семејство е основа за силно општество.

„Во силните семејства, децата се поуспешни и можат полесно да ги постигнат своите цели. Мајките ги хранат следните генерации, но тие го делат тој товар со своите татковци, стануваат рано и спијат доцна за да постигнат се околу своите деца, тие се нашите столбови што не поддржуваат во нашите напори“, рече Јанша.

Додаде дека Европската комисија конечно воведе „демографско портфолио“, што значи дека е создадена позиција чија цел е одговорност за демократијата и демографијата.

„Очекуваме прогресивни предлози за тоа како би можеле да го ставиме семејството во фокусот на иднината на Европа“, рече Јанша.

Тој додаде дека демографските показатели се негативни во 17 од 27 земји -членки на ЕУ.

„Мораме да најдеме одговори на најголемите прашања на денешницата и кога зборуваме за тоа на европско ниво, не смееме да си дозволиме да не зборуваме за едно од горливите прашања на денешницата – демографијата“, заклучи словенечкиот премиер.

Слични содржини