Јанша: ЕУ во иднина – проширена и на Западен Балкан

од Vladimir Zorba

Премиерот на Словенија Јанез Јанша денеска на Стратешкиот форум Блед, изјави дека главниот предизвик на европската интеграција е да се обезбеди единство додека се почитува различноста, додавајќи дека Европа ја гледа во иднина како силна ЕУ со силни земји -членки, … проширенa на Западен Балкан, во мир со себе, и мирна и просперитетна средина.

Во воведното обраќање на Бледскиот стратешки форум, Јанша потсети дека Словенија се приклучи на Унијата во 2004 година, што, како што рече, го гледа не само како можност за економски напредок, туку и како враќање на основните вредности, додавајќи дека Унијата е поинаква денес отколку што беше за време на првото словенечко претседателство во 2008 година.

Тој вели дека првото словенечко претседателство било последното што не било обележано со кризата – финансиска, мигрантска, Брегзит.

„Се надеваме дека во иднина, дејствувањето на ЕУ мора да стане стратешко и долгорочно, насочено кон постигнување на целта поставена од основачите на ЕУ – Европа слободна, цела и во мир со себе и со своите соседи“, рече Јанша.

Тој наведе дека главниот предизвик на европската интеграција е да се обезбеди единство додека се почитува различноста, додавајќи дека е јасно дека има повеќе визии за иднината на Европа, но дека тоа не смее да биде причина за поделби.

Како што рече, мора да се најдат одговори на сите предизвици и тоа нема да се случи ако сме поделени.

„Не треба да измислуваме топла вода, туку мора да се вратиме на почетокот – барајќи консензус, заемно почитување и солидарност“, рече Јанша.

Говорот започна со потсетување дека Словенија доби независност пред три децении, а завршува со поглед на следните децении.

„Замислете и видете ја Европа и ЕУ базирана на европска цивилизација, силна унија заснована на силни земји -членки, проширена со нови членки од Западен Балкан, со силни европски институции. Гледаме дека ЕУ е во мир сама со себе и со мирна и просперитетна средина“, рече Јанша.

Слични содржини