Јапонија го одобри дексаметазонот за лекување коронавирус

од Aleksandar Petrovski

Јапонското Министерство за здравство го одобри дексаметазонот, ефтин и релативно широко користен стероид, како втор лек против ковид 19, откако една студија во Велика Британија покажа дека лекот ги намали стапките на смртност кај хоспитализираните пациенти.

Министерството го вклучил дексаметазонот како дополнителна опција за третман заедно со антивирусен лек ремдесивир во најновата ревизија на неговиот прирачник за третман на инфекција со коронавирус, пренесува Н1.

Јапонските медиуми известуваат за таа ревизија.

Во резултатите од студијата, објавена во јуни, истражувачите во Велика Британија го идентификуваа дексаметазонот како првиот лек кој ги спаси животите на пациентите со ковид-19 во вториот силен бран на пандемијата.

Меѓу оние што го произведуваат овој лек е и јапонската компанија Nichi-Iko Pharmaceutical Co.

Слични содржини