Јапонија: По седум години откриле дека машкиот нилски коњ е всушност женка

од Симе Стоиков

Ген-чан не се однесуваше како мажјак, па беше направен ДНК тест. На вработените во зоолошката градина во Јапонија им биле потребни седум години да утврдат дека не е тој, туку таа.

Чуварите забележале дека Ген Чан, 12-годишен нилски коњ, не се однесува како типичен мажјак, па бил направен ДНК тест. Резултатот од тестот беше – тој не е машко, туку женско!

Ген-чан пристигна во Осака од Мексико во 2017 година, а царинските документи покажаа дека таа е машко.

Во објава на својата веб-страница минатата недела, зоолошката градина Осака Теноџи ја потврди веста за вистинскиот пол на нилскиот коњ.
Во објавата се вели дека Ген-чан пристигнала во нивната зоолошка градина од животинскиот парк Африка Сафари во Мексико кога имала пет години и била прогласена за маж.

Во соопштението се вели дека бидејќи Ген-чан во тоа време сè уште бил младенче, тие не ги провериле документите.

Но, на чуварите на зоолошката градина им стана сомнителен додека Ген-чан созреваше и не можеа визуелно да ги идентификуваат машките репродуктивни органи.

Портпаролката на зоолошката градина во Осака во вторникот изјави за АФП дека Ген-чан не покажал никаков интерес, ниту им се додворувал на женките, ниту, пак, го користел движењето на опашката како пропелер за да расфрла фекалии додека врши нужда, што машките нилски коњи го прават за да обележат територија.

„Ќе се погрижиме да не се повторат вакви грешки“, изјави заменик директорот на зоолошката градина, Кијоши Јасуфуку.

Зоолошката градина потврди дека Ген-чан нема да го менува своето име.

Слични содржини