ЈАВЕН ОГЛАС: МВР вработува 600 полицајци

од Берта Китинска

Министерството за внатрешни работи објави јавен оглас за прием на 600 извршители за работното место “полицаец“.

-Согласно одредбите од Законите за внатрешни рабои и за полиција и подзаконските акти денес  објавен е јавен оглас за прием на 600 извршители за работното место “полицаец“, стои во соопштението на МВР.

За засновање на работен однос на 600 извршители на работно место „Полицаец“ за работа во Министерството за внатрешни работи, и тоа:

1. во Сектор за внатрешни работи Скопје ——————————– 100 извршители

2. во Сектор за внатрешни работи Струмица —————————– 50 извршители

3. во Сектор за внатрешни работи Охрид ———————————- 50 извршители

4. во Сектор за внатрешни работи Битола ——————————— 50 извршители

5. во Сектор за внатрешни работи Тетово ———————————-30 извршители

6. во Сектор за внатрешни работи Велес ———————————– 30 извршители

7. во Сектор за внатрешни работи Штип ———————————– 30 извршители

8. во Сектор за внатрешни работи Куманово —————————– 50 извршители

9. во Регионален центар за гранични работи Север ——————– 50 извршители

10. во Регионален центар за гранични работи Запад ——————– 30 извршители

11. во Регионален центар за гранични работи Југ ————————- 30 извршители

12. во Регионален центар за гранични работи Исток ——————– 20 извршители

13. во Оддел за заштита на определени личности и објекти ———– 30 извршители

14. во Единица за брзо распоредување —————————————- 30 извршители

15. во Единица за специјални задачи —————————————— 20 извршители.

По спроведената постапка за селекција, избраните кандидати за полицаец склучуваат договор за основна обука за полицаец во времетраење од 1 (една) година, која ќе се спроведе во Центарот за обука во Министерството за внатрешни работи и на истата се упатуваат за 10% поголем број кандидати за полицаец од бројот на слободни места за кои е распишан овој оглас, односно во Центарот за обука ќе бидат упатени вкупно 660 кандидати.

Слични содржини