Јавна дебата – како тоа медиумите и граѓанските организации имаат своја улога во ЕУ интеграциите?

Во организација на Младинскиот центар за меѓународна соработка и Телма Тв, денес ќе се оддржи конференцијата насловена како „Улогата на медиумите и граѓанските организации во процесот на ЕУ интеграциите“.

„Имајќи ги предвид последните случувања во процесот на ЕУ интеграции на земјата кои го прават неизвесно започнувањето на преговорите од една страна и неопходноста од продолжување на реформите од друга, на конференцијата ќе се дискутира за тоа какви се изгледите медиумите и граѓанските организации да го интензивираат притисокот врз институциите за спроведување квалитетни и навремени реформи во сите области. Ова е особено важно ако се имаат предвид резултатите од последното истражување на МЦМС и Телма, кои покажаа голем скептицизам кај граѓаните дека реформите се можни без надворешен притисок. Може ли тој притисок да биде внатрешен, домашен? Како да се даде и прифати максимумот од медиумите и граѓанските организации на патот кон остварување на оваа стратешка цел на државата?“, посочија организаторите.

Во рамки на оваа дискусија свое учество ќе заземат: Вицепремиерот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров, амбасадорот на ЕУ во земјава, Дејвид Гир, шведскиот амбасадор, Кристин Горсгрен Бенгтсон, како и проект менаџерот на Канцеларијата на ОН за проекти услуги, Шерифе Исмаили – Касапи.

Инаку, оваа конференција се вклучува како дел од проектот Еуро Фокус, финансиски е поддржан од Шведската агенција за меѓународен развој преку проектот Нордиска поддршка за напредок на Северна Македонија, кој се имплементира од Канцеларијата на Обединети нации за проектни услуги.

Слични содржини