Јавна дискусија на тема „Спорт за сите“ во организација на општина Карпош

од Aleksandar Petrovski

Јавна дискусија на тема „Спорт за сите“ ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Општина Карпош и здружението „ТАКТ“.

На панелот ќе стане збор за локалното партнерство меѓу Општина Карпош, здружението „Такт“ и ГИЗ – Германско друштво за меѓународна соработка, во врска со проектот „Спорт за развој – спорт за сите“, кој овозможува развој и напредок на младите преку спортски активности.

На настанот ќе се обрати и градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев.

Јавната дискусија ќе биде организирана по протоколот за реализација на јавни настани, за заштита од Ковид – 19.

Слични содржини