Јавно обраќање на Анима Мунди до Коце Трајановски, масовно се бара затварање на Вардариште

од Vladimir Zorba

„Ве известуваме дека повеќе од два месеци градоначалникот на Скопје Коце Трајановски во целост го игнорира нашето барање за средба на која сакавме да разговараме за затворање на грозоморното место каде што масовно се убиваат бездомните кучиња, стационарот Вардариште“, велат од Анима Мунди.

„На 17-ти март годинава електронски доставивме допис до градоначалникот со две барања:

animamundiVardariste-600x320

1) Да се затвори стационарот додека не запре убивањето на кучиња и не се создадат услови за целосна промена на концепцијата на неговото работење;

2) Да се вклучат претставници на здруженијата за заштита на животни во управувањето на стационарот.

И додека матичната институција која е надлежна за функционирањето на Вардариште целосно нè игнорира кон нашата иницијатива за затворање на стационарот се придружија голем број граѓани и здруженијата наведени на овој плакат.

Само интернет петицијата за затворање на Вардариште ја потпишаа 12 000 лица.

ТОА Е, ГОСПОДИНЕ ТРАЈАНОВСКИ, ГЛАСОТ НА НАРОДОТ.

Оттаму, ваквото игнорирање го сметаме за неодговорно, дури безобразно и срамно. Колку за пример, полесно ни се достапни претставниците на Европскиот парламент. Прашуваме чиј градоначалник сте вие кога ги игнорирате барањата на мнозинството хумани граѓани?

Доколку вашиот иритантен однос продолжи, Вие секогаш ќе бидете поврзуван со суровоста што ја покажа овој град кон кучињата, зошто имате  законски надлежности и можности да постапувате поинаку. Ваквиот однос прави Скопје да биде обележан како примитивен и насилен град, кон животните, природата, кон она што дише и кон сè што  е живо.

Затворете го Вардариште, зошто вакво какво што е, претставува синоним на страдање и смрт и не го решава проблемот со прекубројноста на бездомните кучиња, а троши народни пари. Затворете го зошто ни го срами градот. Затворете го зошто граѓаните го бараат тоа.

Во спротивно, најавуваме бројни други активности преку кои порано или подоцна ќе ја оствариме нашата цел. Ветуваме пред јавноста – ќе ги спасиме кучињата кои сè уште се живи, а веќе  убиените во Вардариште нека одат на Вашата совест“, соопштуваат од Анима Мунди.

Иницијативата на Анима Мунди за затворање на Вардариште ја поддржуваат:

АНИМАЛИА – Здружение за заштита на животни, Охрид
ГЛАСОТ НА ЖИВОТНИТЕ – Здружение за заштита на животни, Велес
МАЛИ ХЕРОИ – Здружение за заштита на животни, Битола
ANIMAL WORLD – Здружение за заштита на животни, Струга
ВТОРА ШАНСА – Здружение за заштита на животни, Кочани
Е.Д.Е.Н. – Здружение за заштита на животни и животна средина, Скопје
ФАУНА – Здружение за заштита на животни и животна средина, Струмица
СПАСИ ЖИВОТ – Здружение за заштита на животни, Штип
Macedonian Owl Trust – Здружение за заштита на бувовите на Македонија
ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РМ
МЕЃАШИ – Прва детска амбасада во светот
ЦИВИЛ – Центар за слобода
Center for Civic Initiative
АГРО-ВИНКА – Здружение на жени земјоделки, Виница
МЕСЕЧИНА – Хуманитарно и добротворно здружение на Ромите, Гостивар
СТАР – Иницијатива за заштита и унапредување на правата на сексуалните работници
КОАЛИЦИЈА „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници
ОРГАНИЗАЦИЈА ОРТ – Обука за одржлив развој
АКЦИЈА ЗДРУЖЕНСКА – Здружение за унапредување на родовата еднаквост
БЕСТ -Борд на Европски Студенти по Технологија
ЛИЦЕ В ЛИЦЕ – Регионална платформа за активизам
ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЖЕНИ ОД СТРУМИЦА
СФЕРА МАКЕДОНИЈА
ARTISTIC ACCESSORIES “GOBLEN”
МЕТА.МК – Новинска агенција
ЗОРБА КОНСАЛТИНГ – Центар за применета психологија
ИНСТИТУТ ЗА ЕВРОПСКА ПОЛИТИКА – Скопје
FRIK Cultural Initiatives development Formation

Слични содржини