Јовески: Новиот Закон на ЈО ги елиминира политичките влијанија

од Берта Китинска

Со новиот Закон за јавно обвинителство Основото јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција има поинаква поставеност во рамките на јавнообвинителската мрежа, како во делот на неговата финансиска самостојност, така и во делот на постапувањето во предметите. Така што јавниот обвинител на Република Северна Македонија не може да преземе предмети од негова надлежност без согласност на јавниот обвинител кој раководи со ова јавно обвинителство, вели во интервју за МИА државниот јавен обвинител Љубомир Јовески.

Посочува дека се елиминираат политичките влијанија во изборот на обвинителот кој ќе раководи со ова јавно обвинителство, бидејќи со новиот Закон се предвидени решенија тој јавен обвинител да го бираат јавните обвинители на непосредни избори.Според Јовески, ваквата поставеност на ова обвинителство е доволна гаранција дека ќе може успешно да се справува со тешките кривични дела и корупцијата.

И новиот Закон го задржува принципот на подреденост на обвинителствата, но ја нагласува самостојноста на јавниот обвинител во постапувањето по конкретните предмети, но исто така од друга страна ја изострува неговата одговорност со оглед на тоа што се предвидени подруги основи за одговорност на јавниот обвинител.

Значаен сегмент е и финансиската самостојност на јавното обвинителство, со оглед на тоа што се предвидува за потребите на јавното обвинителство да се одвојува најмалку 0,4 отсто од Буџетот на Републиката. Но, покрај овие има и други решенија кои што ја унапредуваат организацијата и работата на јавното обвинителство, како на пример положбата на Основото јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, која сега е со нагласена самостојност не само во делот на постапувањето на предметите, туку и во делот на неговата финасиска самостојност.

На прашањето дали ова може да се толкува како своевидна амнестија за постапки кои почнаа подоцна, како на пример „Талир“, „Попис“, „Пациент“, Јовески одговори:

-Како што спомнав воопшто не може Законот да се смета дека е донесен со цел за амнестија на определени сторители на кривични дела, туку Законот само го пропишува користењето на прислушуваните материјали од страна на судовите и јавното обвинителство и тоа беше логично. Мора да укажам дека со влегувањето во сила на овој Закон престанува Законот за Специјалното јавно обвинителство и мораше да се разрешат во преодните и завршните одредби овие состојби, а всушност функцијата на овие одредби е да се премости тој период.

Во врска со предадените аудио снимки на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски во Обвинителството, Јовески вели дека обвинителството до отпочнување со важност на новиот Закон за јавното обвинителство ќе работи по постојниот Закон и нема никакви ограничувања во делот на користењето на нови прислушувани разговори доколку се разбира има такви, ниту во делот на другите докази кои се неопходни за водење на постапките.

 

Слични содржини