Јовески: За дисциплинската за Рускоска треба да се обезбедат докази

од Берта Китинска

Комисијата за дисциплинска одговорност го разгледа предлогот за покренување дисциплинска постапка и колку што сум информиран по тој предлог донесе решение за поведување дисциплинска постапка, вели државниот јавен обвинител Љубомир Јовески во врска со дисциплинската постапка за шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈОГК) Вилма Русоска.

Натаму знаете, во самата постапка треба да се обезбедат определени докази и треба да се произнесат јавните обвинители за кои се води оваа постапка, изјави Јовески, на новинарско прашање дали има новини во однос на дисциплинската постапка за Рускоска.

По тврдењата на обвинителката Рускоска дека четири години не бил правен надзор на работата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Јовески рече дека подолго време не е направен надзор не само во тоа обвинителство, туку и во други, имајќи ги предвид состојбите со Ковид-19.

-Да, во овој период беше извршен надзор во определени обвинителства, но само онаму каде што тоа го налагаа потребите, рече Јовески, кој учествува на тркалезна маса на тема „Превенција и следење на корупцијата во судството“.

Слични содржини