ЈП Лајка: Да бидеме совесни и одговорни граѓани за побезбедна и почиста средина за секого

По сеуште празничната еуфорија, ЈП Лајка, денес се огласи на својот фејсбук профил, каде порачаа дека пиротехничките средства можат да ги исплашат и да им наштетат на кучињата.

Нивниот апел и порака ви ги пренесуваме во целост во продолжение:

По многубројните пријави од граѓани за уплашени и истрауматизирани бездомни кучиња, но и на избегани домашни миленици во последните неколку денови како последица од употребата на петарди и пиротехнички средства во овие празнични денови, продолжуваме и понатаму со кампањата против нивна употреба.

Им благодариме на сите граѓани кои не поддржуваат во оваа наша иницијатива сакајќи им добро не само на своите миленици, туку и на бездомните кучиња во градот.

Aпелираме да се избегнува употребата на петарди во текот на претстојните Божиќни празници како би ја заштитиле безбедноста на сите граѓани, но и на бездомните кучиња.

Да бидеме совесни и одговорни граѓани за побезбедна и почиста средина за секого.

Слични содржини